Сузи Тенева. ЕТИЧКИ ДИМЕНЗИИ ВО ХИП-ХОП ТЕКСТОВИТЕ
(ЛИРСКИТЕ СЕГМЕНТИ ВО ХИП-ХОПОТ
КАКО ИЗВОР НА ЕТИЧКИ КОДЕКСИ)
(ЛИРСКИТЕ СЕГМЕНТИ ВО ХИП-ХОПОТ
КАКО ИЗВОР НА ЕТИЧКИ КОДЕКСИ)
БХХС/BHHS 6/2025
ISSN 2955-2192 (печатена верзија) (printed)
ISSN 2955-2206 (веб верзија) (online)
УДК: 17:[78.067.26:316.72373)
ЕТИЧКИ ДИМЕНЗИИ ВО ХИП-ХОП ТЕКСТОВИТЕ
(ЛИРСКИТЕ СЕГМЕНТИ ВО ХИП-ХОПОТ
КАКО ИЗВОР НА ЕТИЧКИ КОДЕКСИ)
Сузи Тенева
Апстракт: Овој тект се занимава со текстуалниот сегмент на хип-хоп музиката. Текстуалниот дел во хип-хопот опфаќа различни теми и различни содржини. Една од нив е социјалната тематика. Во социјалната тематика можеме да говориме за етичка димензија. Тука, како главна идеја ја имаме споредбата меѓу етиката, како иманентно филозофска дисциплина и хип-хоп текстовите. Имено, кој дел од текстовите има етичка димензија, како можеме да ја пронајдеме таа димензија во текстот и како таа да придонесе за подобро разбирање на светот околу себе. Секако, фокусот е на идеите, текстовите и артистите, кои имаат таков вид конструктивни текстови и пораки, без разлика дали како лична или колективна приказна.