УДК: 316.723:78.067.26]:82-1
Автор: Славчо Ковилоски
Наслов на текстот: УМЕТНИЧКИ ИЗРАЗНИ ФОРМИ НА ХИП-ХОПОТ
Јазик на текстот: македонски
Јазик на резимето: англиски
Клучни зборови: хип-хоп култура, уметнички изразни форми, јазикот и лириките на хип-хопот, слем поезија.
Број на страни: 13-26
Почетоците на хип-хопот во 70-тите години на 20 век не сугерираа дека оваа поткултура ќе прерасне во мејнстрим или поп култура во следните дваесет години. Изградена и израстена на улиците на Њујорк, хип-хоп културата ќе се прошири во сите сфери на урбаното живеење. Четирите оригинални елементи на хип-хопот: MC, DJ, графити и b-boy беа брзо надополнети со нови кои ја поддржуваат мислата и уметничката форма на изразување. Во оваа прилика ќе ги разгледуваме: јазикот и текстот на хип-хопот, хип-хоп поджанровите, „фристајлот“, слем поезија, рап операта или хип-хоперата, хип-хоп театарот, брејкденсот и хип-хоп танците, хип-хоп монтажата, хип-хоп филмовите и хип-хоп облеката.