УДК: 784.011.26:316.334.52(497.711)
Автор: Славчо Ковилоски
Наслов на текстот: МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: ХАРДКОР КОЛКУ ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ
Јазик на текстот: македонски
Јазик на резимето: англиски
Клучни зборови: хардкор, македонски хип-хоп, македонски јазик
Број на страни: 49-55
Во текстот се осврнуваме на цврстината и тврдоста на изразот во македонскиот хип-хоп. Притоа, општиот заклучок е дека цврстината на звукот не означува само машкост, туку го означува и стилот на хип-хоперот. Обработените теми што најчесто македонските хип-хоп артисти ги користат се многубројни: од силните притисоци од меѓународната заедница и внатрепартиските недоразбирања, до меѓуетничките тензии, пропаѓањето на ТАТ и последиците од непрекинатата транзиција. Тие се основата врз која македонскиот хип-хоп ги создава експлицитни, сурови и темни стихови: хардкор до максимум.