УДК: 821.163.3-1:316.7-052
Авторка: Елена Пренџова
Наслов на текстот: УЧЕСТВОТО НА ПУБЛИКАТА НА ПОЕТРИ СЛЕМ НАСТАНИТЕ
Јазик на текстот: англиски
Јазик на резимето: македонски
Клучни зборови: национален поетски слем натпревар, слем публика, Марк Кели Смит, Поезин–Белград, Поетариум–Нови Сад
Број на страни: 69-80
Според бројни релевантни дефиниции слем поезијата е повеќе перформанс/изведба отколку само поезија. Секоја изведба подразбира присуство и на изведувачот/изведувачката и на публиката, па така ни поетските слем настани не се исклучок. Основоположникот на слемот во САД, слем папито, Марк Кели Смит (Marc Kelly Smith), во својата книга Stage A Poetry Slam („Постави поетски слем на сцена“) од 2009 година ги набројува главните принципи на слем поезијата, од кои клучниот е: „Поетот на сцената не е поважен од публиката што слуша“ (Smith, 2009a: 20), изедначувајќи ја публиката со поетот/поетесата по важност. Секако, тоа е така поради активната и партиципативна улога што ја има слем публиката за време на слем изведбата. Меѓутоа, малку академски и неакадемски текстови посветени на слем поезијата ја обработуваат темата за слем публиката. Трудов ја обработува токму таа тема – улогата на публиката при слем изведбата и се обидува да одговори на прашањето каде е границата на важноста меѓу поетот-изведувач/поетесата изведувачка и публиката, доколку таква граница навистина постои.