БХХС/BHHS 5/2025
ISSN 2955-2192 (за печатената верзија) (printed version)
ISSN 2955-2206 (за веб верзијата) (online version)
УДК: 821-1:316.723(497.7)
СТАТУСОТ НА СЛЕМОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Елена Пренџова
Апстракт: Трудот „Статусот на слемот во Македонија“ дава преглед на историјата на културната сцена за слем во Македонија – почетоците, развојот и ширењето. Трудот нуди увид во динамиката на слемот како културна сцена, неговите карактеристики како книжевна и изведбена уметност, како и преглед на правилата и регулативите на слем-натпреварите, на глобално и национално ниво. Особен акцент е ставен на дискусијата за статусот на слемот во Македонија. Заклучокот е дека официјалната книжевна критика сè уште не го насочила своето внимание кон слемот и се упатува повик да го стори тоа.