Дејан Методијески. МУЗИЧКИ ОПУС НА НЕЗАВИСНИОТ ХИП-ХОП ИЗДАВАЧ АРЕНА РЕКОРДС
Дејан Методијески. МУЗИЧКИ ОПУС НА НЕЗАВИСНИОТ ХИП-ХОП ИЗДАВАЧ АРЕНА РЕКОРДС
ISSN 2955-2206 (за веб верзијата) (online version)
УДК: 78.067.26:655(497.7)“1999/2015”
Дејан Методијески
МУЗИЧКИ ОПУС НА НЕЗАВИСНИОТ ХИП-ХОП ИЗДАВАЧ АРЕНА РЕКОРДС
Апстракт: Во постоечкта литература постојат повеќе критериуми за поделба на музичките лајбели, а во зависност од нивниот обем на работење можеме да ги поделиме на два основни вида: големи издавачи и независни издавачи. Во урбаните центри во Македонија, хип-хоп културата започнува да навлегува во 80-те години на XX век, а кон средината на 90-те години на XX век започнуваат да се појавуваат и првите издавачки куќи. Целта на овој труд е да се направи анализа на музичкиот опус на независниот хип-хоп издавач Арена рекордс. За потребите на трудот, користени се секундарни извори на податоци преку консултирањето на релевантна литература како и интернетот. Покрај тоа, преку спроведено интервју собрани се информации поврзани со историскиот развој на независниот хип-хоп издавач Арена рекордс, соработките со артисти од земјата и странство, официјалните и неофицијалните изданија, музичката и видео продукција, промоцијата на албумите и др. Истражувањата за потребите на овој труд, покажуваат дека, музичкиот опус на официјални и неофицијални изданија од Арена рекордс во периодот 1999-2015 година вклучува 17 албуми на артисти и групи, од кои три се компилациски албуми.
Клучни зборови: хип-хоп, Македонија, издавачка куќа, Арена рекордс.