БХХС/BHHS 6/2025
ISSN 2955-2192 (за печатената верзија) (printed version)
ISSN 2955-2206 (за веб верзијата) (online version)
УДК: 323.14(73)
821.111(73)-94
МАЛКОМ ЕКС И НЕГОВОТО СФАЌАЊЕ НА СЛОБОДАТА ВО РАСИСТИЧКА АМЕРИКА
Александар Ковилоски
Апстракт: Борбата против расната сегрегација и дискриминација во САД во текот на 1960-те од културна стана политичка и револуционерна. Авангардните движења од тој период станаа светски познат симбол на борбата против доминантниот општествен систем. Во тој период, едно име пркоси на „системот“ со радикални ставови, будејќи го заспаниот дух на црното население во САД, навикнати на понизност кон белиот човек која во текот на генерациските префрлања на културните кодови од времето на ропството до денес станала препознатлив белег на Афроамериканците.