Пријави статија
БАЛКАНСКИ ХИП-ХОП СТУДИИ / BALKAN HIP HOP STUDIES
Меѓународно списание за хип-хоп и урбана култура
Упатство за техничко уредување на текстот:
Предложените прилози до Редакцијата треба да бидат напишани во MS Word формат со фонт Times New Roman, 12 точки, со единечен проред 1 (single spacing); генералии, апстракт, клучни зборови и литература со 11 точки.
Прилозите се печатат на македонски јазик, а можат да се печатат уште на англиски, како и на некои од словенските јазици.
Обем на прилогот најмногу до 45.000 знаци.
Излегува два пати годишно.
Сите текстови се рецензираат.
Авторите потпишуваат авторска изјава.
Структурно уредување на текстот
1. Наслов на трудот (со големи букви, bold и со централно порамнување).
2. Име и презиме на авторот (централ, bold).
3. Институција: оригиналното име на институцијата, името на градот (ако не е дел од името на институцијата) под презимето (централ, bold).
4. Електронска пошта на авторот (централ).
5. Апстракт на јазикот на којшто е напишан текстот (изедначено).
6. Клучни зборови на јазикот на којшто е напишан прилогот (изедначено).
7. Текст (изедначено).
8. Наслов на англиски јазик (централ, bold).
9. Име и презиме на авторот (централ, bold).
10. Апстракт на англиски јазик (изедначено).
11. Клучни зборови на англиски јазик (изедначено).
12. Библиографија.
Да не се користи пагинација.
Доколку прилогот има повеќе од еден автор се постапува исто како и со единечен автор.
Референци во текстот:
Во списанието се користи следниов модел на цитирање:
(автор, 2011: 50)
Ако се наведуваат повеќе ставки од ист автор и во иста година, се додаваат мали букви:
(автор, 2007а: 20-22)
(автор, 2007б: 50-52)
Групни изданија со еден уредник – ако се упатува на изданието во целина – се наведуваат на истиот начин како изданијата од еден автор.
Библиографија
Изворите во библиографијата треба да бидат наведени по азбучен ред и одделени по соодветното писмо (кирилично и латинично).
Библиографските единици треба се подготват според следниот модел:
а) книга
Low, B. (2011). Slam School: Learning Through Conflict in the Hip-Hop and Spoken Word Classroom. Stanford University Press.
б) статија во списание/весник
Long, Brittany L. (2022) "Hustle in H-Town: Hip Hop Entrepreneurialism in Houston". Journal of Hip Hop Studies: Vol. 9: Iss. 1, Article 5, 53-76.
в) електронски (on line) извор
Ковилоски, С. (2019). „Лоурајдер“.
https://www.muzichkiregistar.com/%D0%9D%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B8/TabId/2099/ArtMID/4834/ArticleID/2111/%d0%9b%d0%be%d1%83%d1%80%d0%b0%d1%98%d0%b4%d0%b5%d1%80.aspx (Пристапено на 15.5.2022)
г) зборник/речник/лексикон
Sherman J. R. (ed.). (1997). African-American Poetry, An Anthology, 1773-1927. Mineola, New York: Dover Publications, Inc., 15.
Watts, Karen (compiler). (1994). 21st Century Dictionary of Slang. New York: Dell Publishing, 17
За дополнителни информации, можете да се обратите на следнава адреса:
проф. д-р Славчо Ковилоски
главен и одговорен уредник
slavcho.koviloski@outlook.com