Јулијана Папазова. МЕМОРИЈАТА ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ КАКО ТЕМА ВО МАКЕДОНСКИТЕ ХИП-ХОП ПЕСНИ

УДК: 316.7:159.953.3(497.711):784.011.26


Авторка: Јулијана Папазова

Наслов на текстот: МЕМОРИЈАТА ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ КАКО ТЕМА ВО МАКЕДОНСКИТЕ ХИП-ХОП ПЕСНИ

Јазик на текстот: македонски

Јазик на резимето: англиски

Клучни зборови: хип-хоп, меморија, Скопје, политика.

Број на страни: 15-24

Истражувањето е посветено на меморијата за градот Скопје како тема застапена во текстовите на македонските хип-хоп песни. Ангажираните текстови на селектираните хип-хоп песни во кои може да се најде поврзаност со меморијата за градот Скопје се реинтерпретираат не само преку блиското  ми­нато туку и преку т.н. меморија на сегашноста. Интердисицплинарниот прис­тап на анализа овозможува подинамично ниво на дискусија за односот на ме­моријата и музиката во урбаната историја на Скопје.