Славчо Ковилоски. МАКЕДОНСКА ХИП-ХОП АКАДЕМИЈА:
ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕДАВАЊА ЗА ХИП-ХОП КУЛТУРАТА
ISSN 2955-2206 (веб верзија) (online)
УДК: 378.096:[316.723:78.067.26(497.7)
Славчо Ковилоски
МАКЕДОНСКА ХИП-ХОП АКАДЕМИЈА:
ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕДАВАЊА ЗА ХИП-ХОП КУЛТУРАТА
Апстракт: Во текстот се осврнуваме на првите македонски предавања за хип-хопот кои првпат започнаа да се изведуваат во 2005 година. Предавањата за хип-хопот ги покренаа и ги одржуваа основачите на Хип-Хоп Македонија, Славчо Ковилоски и Александар Ковилоски, постепено вклучувајќи и други соработници коишто имаа соодветни познавања од определена тема и коишто можеа да дадат свој придонес во унапредување на академскиот аспект на културата. Од почетокот на 2005 година до денес, неформалната организација Хип-Хоп Македонија има реализирано преку педесет трибини ширум Македонија и во странство на најразлични теми. Најголем дел од трибините се одржуваа во Скопје (Институт за македонска литература, Катедра за социологија на Филозовскиот факултет во Скопје, факултетот за музичка уметност во Скопје, во Американскиот културен центар – American Corner, во Културниот центар Точка, во Кинотеката на Македонија, во гимназиите „Јосип Броз“ и „Орце Николов“ итн.), но беа организирани и во Битола (во неколку наврати), Велес, Прилеп, Струга, Гевгелија, како и во Хрватска, Србија, Бугарија и САД (во Њујорк) итн. Токму затоа, макар и со скромна содржина и со скромни можности, чинот на воведување на хип-хоп културата во академскиот свет претставува пионерски чекор за македонскиот, балканскиот, па и европскиот хип-хоп.
Клучни зборови: македонски хип-хоп, Хип-Хоп Македонија, хип-хоп академија, предавања за хип-хоп културата.