Дејан Методијески. ГОЛЕМИОТ БИЗНИС НАРЕЧЕН ХИП-ХОП: АСПЕКТИ НА МУЗИЧКИОТ ТУРИЗАМ

УДК:316.723:78.067.26]:331.2

Автор: Дејан Методијески

Наслов на текстот: ГОЛЕМИОТ БИЗНИС НАРЕЧЕН ХИП-ХОП: АСПЕКТИ НА МУЗИЧКИОТ ТУРИЗАМ

Јазик на текстот: македонски

Јазик на резимето: англиски

Клучни зборови: хип-хоп, бизнис, музика, турнеи, туризам

Број на страни: 51-63


Хип-хоп музиката како дел од хип-хоп културата се здобива со популарност ширум светот во последните три децении. Целта на овој труд е да се добие подобра перспектива и разбирање на деловните придобивки од хип-хопот и да се прикаже неговото економско влијание. Во овој контекст, опфатена е синергијата на хип-хопот и туризмот. За потребите на овој труд, користени се секундарни извори на податоци преку консултација на постоечка литература од областа на хип-хопот, како и на Интернет. Прегледот на ли­те­ратурата покажа дека постојат многу автори на меѓународно ниво кои објавиле стручна литература за различни аспекти на хип-хоп културата. Релевантните статистики покажуваат дека во моментов на светско ниво најпродаван музички жанр е хип-хопот со 38% од продажбата, потоа рок музиката со 20%, а останатите проценти припаѓаат на другите музички жан­рови. Од друга страна, кога станува збор за концертни турнеи, хип-хоп умет­ниците сочинуваат 11% од светските концертни турнеи, наспроти 55% од рок музиката. Богатството на петте најдобри хип-хоп артисти во 2019 година изнесувало 2.930 милиони долари, а хип-хоп изведувачот Џеј Зи е првиот хип-хоп изведувач кој создал богатство од милијарда долари.