Дејан Методијески. ВТОРИОТ БРАН НА БУГАРСКИОТ ХИП-ХОП: АНАЛИЗА НА МУЗИЧКИТЕ ИЗДАВАЧКИ КУЌИ SNIPER И R'N'B

УДК: 784.011.26:316.7(497.2)”1991/2005”

784.011.26:316.7(497.2)”2005/-”


Автор: Дејан Методијески

Наслов на текстот: ВТОРИОТ БРАН НА БУГАРСКИОТ ХИП-ХОП: АНАЛИЗА НА МУЗИЧКИТЕ ИЗДАВАЧКИ КУЌИ SNIPER И R'N'B 

Јазик на текстот: македонски

Јазик на резимето: англиски

Клучни зборови: хип-хоп, Бугарија, SNIPER, R'N'B.

Број на страни: 57-68


Хип-хоп културата претставува современ феномен кој на глобално ниво своето распространување преку хип-хоп музиката го започнува во из­ми­на­тите три декади. Целта на овој труд е да се направи истражување на хип-хоп културата во Бугарија, преку анализа на дејноста на највлијателните музички из­давачки куќи од почетокот на овој милениум. За потребите на трудот, ко­рис­тени се секундарни извори на податоци преку консултирањето на ре­ле­вант­на литература како и интернетот. Во основа, развојот на бугарскиот хип-хоп можеме да го поделиме на три бранови. Првиот бран ги опфаќа почетоците на бугарскиот хип-хоп. Во трудот е опфатен вториот бран на бугарскиот хип-хоп, прикажан преку издавачката дејност на SNIPER и R'N'B Records. Резултатите од истражувањето покажуваат дека во периодот од 2000 до 2005 година, во Бу­гарија овие две музички издавачки куќи објавиле 24 албуми на различни артисти. Оваа издавачка дејност и продуцирањето на музичките албуми при­до­несува за појава на третиот бран на бугарскиот хип-хоп.