Татјана Вукелиќ. ОД ХАШТАГ ДО УЛИЧНИ ПОЛИТИКИ

УДК: 316.472.4:004.738.5]:323.118(73)


Авторка: Татјана Вукелиќ

Наслов на текстот: ОД ХАШТАГ ДО УЛИЧНИ ПОЛИТИКИ

Јазик на текстот: англиски

Јазик на резимето: македонски

Клучни зборови: Твитер хаштаг, движење, расна еднаквост, протести, црни луѓе

Број на страни: 33-47

 

Пред секоја општествена промена, постои борба за општествени промени. Роден како хаштаг на Твитер, Black Lives Matter прерасна и еволуираше во сил­на алтернатива на политичката изолација со која се соочија застапниците на расната правда по изборот на Барак Обама за претседател на САД. За само две години, Движењето воспостави политика на конфронтација, кревајќи глас про­тив четиривековниот расизам, расната дискриминација, социјалната неед­нак­вост и системскиот расизам. Со континуирниот активизам, Black Lives Matter помага да се смени контраофанзивата против обоените луѓе што го де­фи­нираше долгиот период на процесот на ослободување во 1960-тите и 1970-тите. Тоа стана одржлива масовна борба, соочувајќи се со реакции и бројни предизвици на црнците во Соединетите Американски Држави, во исто време развивајќи ги нивните неверојатни сили.