Сузи Тенева. ТЕКСТУАЛНИТЕ АСПЕКТИ НА ХИП-ХОП МУЗИКАТА
(ОД ИНДИВИДУАЛНОТО КОН КОЛЕКТИВНОТО ИСКУСТВО)
ISSN 2955-2206 (за веб верзијата) (online version)
УДК: 316.723:78.011.26-027.521/.522
Сузи Тенева
ТЕКСТУАЛНИТЕ АСПЕКТИ
НА ХИП-ХОП МУЗИКАТА
(ОД ИНДИВИДУАЛНОТО КОН
КОЛЕКТИВНОТО ИСКУСТВО)
Апстракт: Овој текст се занимава со текстуалните аспекти на хип-хоп музиката. Можеме да говориме за повеќе текстуални аспекти на хип-хоп музиката. Овде фокусот е на релацијaта: индивидуално – колективно, како се случува таа врска и како се движи. Од индивидуално кон колективно, значи од индивидуалните приказни, искуства, вредности и како тие може да бидат колективни сознанија. Исто така, во текстот се говори за тоа како публиката се идентификува со хип-хоп музиката. И така ја имаме комуникативната функција на рапот и онаа интеракција што хип-хоп музиката ни ја дава.
Клучни зборови: хип-хоп, текстови, индивидуално, колективно, искуство.