Славчо Ковилоски. СОЦИЈАЛНОТО ВО МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП

ISSN 2955-2206 (за веб верзијата) (online version)

УДК: 316.723:78.067.26]:338.124.4(497.7)

 

 Славчо Ковилоски


  

СОЦИЈАЛНОТО ВО МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП

 


  

Апстракт: Во текстот се осврнуваме на социјалите лирики на македонските хип-хоп артисти. Македонскиот хип-хоп опфаќа најразлични теми од опш­тест­ве­ниот, политичкиот и социјалниот живот. Длабоката економска криза која настана по осамостојувањето на Македонија предизвика социјалната тензија. Токму затоа, социјалните теми се најдлабоко врежани во македонскиот хип-хоп и тие се доминантна тема, далеку пред текстовите со забавна содржина и со претставување на лирските вештини. За потребите на студијата користевме песни од повеќе македонски хип-хоп изведувачи, чии лирики ги анализиравме и ги категоризиравме во однос на темите и мотивите.

 

Клучни зборови: социјална лирика, транзиција, економска криза, македонски хип-хоп.