Биљана Рајчинова-Николова. ХИП-ХОПOT И РАП МУЗИКАТА КАКО ПРОВОКАЦИЈА И ИНСПИРАЦИЈА ЗА ФИЛМОТ 8 МИЛЈА

ISSN 2955-2206 (веб верзија) (online)

УДК: 791-21:316.723-027.6

 

 

Биљана Рајчинова-Николова

 

 

ХИП-ХОПOT И РАП МУЗИКАТА КАКО ПРОВОКАЦИЈА И ИНСПИРАЦИЈА ЗА ФИЛМОТ 8 МИЛЈА

 (Кон филмот 8 МИЛЈА, режија: Кертис Хенсон, сценарио: Скот Силвер, улоги: Еминем, Ким Бесинџер, Британи Марфи, Мекај Фајфер, фотографија: Родриго Прието, САД/Германија 2002)

 


  

Апстракт: Со оглед на начелната несводливост, односно неподложноста на хип-хоп културата на сувопарните теориски формулации, тешко е таа да се прет­стави со неколку збора. За оваа прилика, сепак некои од нејзините ини­ци­јал­ни определби ќе бидат доволни за да можеме ‘упатено’ да се нурнеме во една освежувачка перспектива на хип-хоп филмот 8 МИЛЈА, кој е посебна при­каз­на во светот на седмата уметност.  Низ филмот ќе ја разгледаме релацијата идентитет-простор – време од перспектива на ‘Идентитетот на човекот во прос­­тор и време’ (Борхес, 1990: 141) и ќе се обидеме за да дадеме одговорот на прашањата: Кој сум јас? и Што сум јас? во ‘просторот -сиромашен кварт’ - реален географски простор поделен со осмата милја по расна основа и во ‘прос­торот – хип-хоп сцена’. Имено во истражувањето релевантна е идејата за ис­так­нувањето (на промените) на идентитетот на раперот / актерот во ‘прос­то­рот – сиромашен кварт’ и во ‘просторот – хип-хоп сцена’, како една реф­лек­си­ја на континуирано самоидентификување, самоизнаоѓање и само­пот­врду­ва­ње во херој и победник. За таа цел ќе ги користиме сознанијата од имаголо­ги­ја­та, постколонијалната теорија и студиите за идентитетот оние кои го об­јас­ну­ваат идентитетот преку есенцијалистичкиот[1] и конструктивистичкиот[2] кон­цепт на идентитет.

Клучни зборови: поткултура, хип-хоп култура, хип-хоп филм, иден­титет, простор.



[1] Според есенцијалистичкиот концепт идентитетот е нешто дадено, фиксно и непроменливо, односно „Идентитетот е вграден во темелите на личноста и не може да се менува“ (Barker, 2000: 166).

[2] Според конструктивистичкиот концепт идентитетот е нешто што активно се гради, менува и трансформира во различни манифестации и различни позиции кои го имаме во различни мигови (види: Hall, 1990; Baba, 2004; Малуф, 2001; Малуф, 1994).