Бранко Прља. ЅИДОВИ ШТО РАПУВААТ: ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГРАФИТИ И ХИП-ХОП КУЛТУРАТА ВО СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА

ISSN 2955-2206 (за веб верзијата) (online version)

УДК: 75.052.3-05:[316.334.56:316.723(497.711)

 

 

 Бранко Прља


 

ЅИДОВИ ШТО РАПУВААТ:

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГРАФИТИ И ХИП-ХОП КУЛТУРАТА

ВО СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА

 


 

Апстракт: Графити културата во Скопје се појавила во 1990-те години и от­то­гаш се развива паралелно со хип-хоп музиката, одразувајќи го променливиот урбан пејзаж и младинската култура на градот. Овој труд ги истражува раз­во­јот на графитите во Скопје, нивната врска со хип-хопот и нивната улога во об­ликувањето на културниот идентитет на градот. Графитите, како форма на улична уметност се повеќе од обични чкртаници на ѕидовите. Тие се одраз на општествените струења, политичките ставови и креативниот дух на младите. Во Скопје овој феномен доби особено значење по осамостојувањето на Маке­до­ни­ја кога новата слобода на изразување наиде на плодна почва во урбаниот пеј­заж на градот.

 

Клучни зборови: графити, хип-хоп култура, урбана уметност, Скопје, Ма­ке­до­нија, младинска супкултура, општествен коментар.