ПРЕДГОВОР 3
Со објавувањето на овој број, третиот по ред, ја одлебежуваме втората година од создавањето на меѓународното списание за хип-хоп и урбана култура Балкански хип-хоп студии.
Во овој број се објавени повеќе трудови и осврти од автор(к)и од неколку држави од регионот. Повеќето трудови акцент ставаат на националните и социолошките текстуални аспекти на хип-хопот, што е освежување бидејќи најчесто хип-хопот се проблематизира од социолошки или музички аспект за сметка на текстуалниот. Во третиов број можеме да се запознаеме и со хип-хопот на македонската (Славчо Ковилоски, Сузи Тенева) и српската (Драган Ѓорѓевиќ) и црногорската национална сцена (Стефан Стругар), како и за движењето BLACK LIVES MATTER од хрватска гледна точка (Татјана Вукелиќ). Елаборирани се врските на хип-хопот со графитите (Бранко Прља), а дадени се и основите на хип-хопот како поткултура (Александар Ковилоски). За првпат, во БХХС објавуваме и два осврта (Елена Пренџова и Александар Кацарски).
Навистина, ова трето издание вбројува повеќе аспекти на хип-хопот – и уметнички, и социолошки, и национални, па се надеваме дека ќе пробуди интерес за читател(к)и од различни научно-уметнички области.
Редакцијата